• PDF

Солета објект - локација

Со желба да  создададеме квалитетни македонски производи, амбициозно  тргнавме во остварување на идејата и реализација на крајната цел.
 Со труд и напорна работа, со тим од технолози и проектанти, создадовме современ објект за преработка на месо и производство на месни производи. Индустријата за месни преработки `СОЛЕТА` - Скопје оставајќи ги сите предрасуди ,со организирано производство на површина од 2400 м², на 19 декември 1996г отпочна со работа.

Применувајќи современи методи и следејќи  ги новитетите во областа на месопреработката, во текот на изминатите години , а и понатаму, перманентно инвестираме во најсовремена технологија и опрема. Следејќи ги европските и светски трендови како и барањата и очекувањата на купувачите, создадовме македонски производи со препознатлив вкус и врвен квалитет. Потврда за тоа беше знакот за квалитет `Со гордост од Македонија` кој две години по ред ги награди нашите производи за најдобар вкус и најдобро пакување.

Нашиот асортиман го сочинуваат 70-тина производи  , кој континуирано се надоградува со нови производи , притоа задоволувајќи ги  основните производни критериуми и стандарди. Целокупната палета на производи на `СОЛЕТА` се  НАССР сертифицирани со сертификат валиден и конкурентен во земјите на ЕУ.

Производите на `СОЛЕТА` се застапени во нашите малопродажни објекти (дисконти), како и во сите поголеми и помали маркети на територијата на Р.Македонија како и надвор од границите на нашата држава. Повеќегодишното искуство, присуство и работење низ годините на промени и транзиција, во услови на неизвесно економско опкружување , беа и сеуште се мотив и стимул за поголемо докажување и исправеност пред времето и предизвиците!
Препознатливи и никогаш незаборавени од купувачите некои ќе речат `Со Солета нема диета`, но поголемиот дел го препознаваат `Квалитетот кој не е случајност`.

Веб страницата користи колачиња (cookies) за да Ви овозможиме најдобро корисничко искуство. Прочитај повеќе.